Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска на сите ученици и наставници им посакува среќен и успешен старт на новата учебна година.
„Учениците-првачиња, кои денеска го започнуваат својот образовен процес, сакам да ги охрабрам на патот, кој има значајна улога за нив, посакувајќи им создавање на соодветни навики, кои ќе им носат нови знаења и вештини, како и успех низ животот. Посакувам почитуваните наставници, кои се носители на образовниот процес, успешно да продолжат да ги пренесуваат своите знаења, создавајќи успешни генерации, со кои сите заедно сите ќе се гордееме“, потенцира Димитриевски.
Димитриевски, изјави дека Општина Куманово продолжува со реализација на проекти за подобрување на условите во училиштата, за нови спортски терени, модерна наставна опрема и подобри услови за сите ученици во Општина Куманово.