Португалија вчера почна со примена на тридневна забрана за влез во шумите, со цел да се спречат можните пожари.
Оваа одлука во петокот ја донесе владата во Лисабон, бидејќи Португалија е во период на сериозна суша, а неколку разорни пожари ја зафатија земјата ова лето, пренесе АП.
Со мерката забрана, властите добиваат привремени овластувања да спречат луѓе да влегуваат во шумите, а сето тоа како одговор на температурите кои ќе достигнат до 40 степени во делови на Португалија, пренесува Танјуг.
Министерот за внатрешни работи Хозе Луис Карнеиро рече дека полицијата ќе испрати дополнителни патроли во следните три дена, додавајќи дека Агенцијата за цивилна заштита ќе добие средства за ангажирање на уште 500 пожарникари.
Во рамки на тридневните мерки на земјоделците им е дозволено да работат на нива само до 11 часот, освен во посебни ситуации.