Три лица, од кои едно дете, загинаа, а најмалку 12 се повредени кога силно невреме го погоди денеска францускиот остров Корзика, оставајќи 45.000 домаќинства без струја, соопштија денеска локалните власти.
Loading...
Град, силен дожд и ветрови со брзина од над 220 километри на час ја погодија Корзика, додека другите делови на Франција, погодени од серија топлотни бранови и силна суша, забележаа повеќе дождови во последните неколку часа отколку во изминатите неколку месеци, пренесува Ројтерс.
На Корзика, 13-годишно девојче загина кога дрво падна врз неа во камп, како и 72-годишна жена во нејзиниот автомобил кога врз неа се урна покрив од куќа, соопштија локалните власти.