Безбедносните камери го снимиле моментот кога млад човек се запалил откако запалил цигара додека полнел гориво на бензинска пумпа.
На видеото направено во Челјабинск, Русија покажува човек со пура во устата како вади запалка додека чека да се наполни резервоарот за гориво и се движи да запали пура. Многу брзо се тргнало наопаку и само неколку секунди подоцна избувнал огромен пламен и човекот панично почнал да трча напред-назад.
Случаен минувач само гледал, додека запалениот човек брзал да влезе во возилото и да го премести за да не изгори и тоа. Човекот, облечен во бела маица и темни шорцеви, удрил во гас, но по неколку моменти потрчал назад со апарат за гаснење пожар за да го изгасне остатокот од пламенот.
Корисниците на социјалната мрежа Nexta го споделија видеото на мрежата, каде што доби повеќе од 265.000 прегледи, а човекот стана предмет на потсмев поради инцидентот.
„Интелигентно, добро образовано општество, пример за светот“, „Го загуби мозокот, но си го спаси автомобилот“, „Ова е Русија. Очекував на крајот да пропадне апаратот за гаснење пожар“.
https://youtu.be/MPT0njfnUqk