Две ракометарки на Куманово повикани да играат за репрезентацијата

Сподели со своите пријатели

Марија Јовановска и Сара Богојеска од Женскиот ракометен клуб Куманово се повикани за собирот и подготовките во македонската кадетска репрезентација.

Loading...

Заедно со уште 18 други ракометарки тие ќе се подтовуваат за претстојното кадетско Светско првенство под водство на селекторот Љубомир Савевски.

Македонските ракометарки до 18 години се во Б-групата заедно со репрентациите на Узбекистан, Иран и Сенегал.

Мундијалот ќе се оддржи во Скопје, од 30 јули до 10 август во спортските сали „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Спречен шверц на облека на ГП Табановце