Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта насекаде беше ведро. Изутринава е сончево, со мала облачност во северните делови. Во повисоките места дува слаб ветер од променлив правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Денеска претпладне ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност.

Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево претпладне. Во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста што ќе донесе пороен дожд и грмежи.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Завршени повеќе инфраструктурни проекти за училишта во Куманово (ВИДЕО)

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 29 степени целзиусови.

 

 

Утре во кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во интервал од 13 степени во утринските часови, до максимални 26 во текот на денот.

 

 

Loading...

Во недела ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, односно југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 28 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири возила се судрија на патот Куманово – Крива Паланка, седумина повредени

 

 

Следната работна недела носи сончево и топло време со температури околу 30 степени.

Никола Ивановски