На гласањето спроведено на 15 конгрес на ВМРО ДПМНЕ кој се одржува во Куманово, Никола Груевски доби нов четиригодишен мандат да ја предводи партијата.
Loading...
Според претседателот на Комисијата за спроведување на избор за претседател на партијата Илија Димовски, од вкупно 560 делегати, за избор на претседател гласале 529, од кои 528 за Никола Груевски, а едно ливче е неважечко.
Оваа е четврти по ред четиригодишен мандат за премиерот Груевски по добивање на првиот мандат во 2003 година на Конгресот во Охрид, кога единствен противкандидат му беше Марјан Ѓорчев.
https://www.youtube.com/watch?v=_AiyX7Oh6SE