Поради самитот на Групата седум (Г7) што ќе се одржи од 26 до 28 јуни во Елмау, Германија привремено воведе контроли на сите свои гранични премини.
Од tamo[noto МВР посочуваат дека се потребни контроли за безбедно одржување на самитот на Г7.
Граничните контроли ќе се вршат до 3 јули, објави Министерството на својата веб-страница.
Ќе се вршат контроли на копнените, воздушните и поморските премини и треба да го спречат доаѓањето на лица подготвени за насилство.
Патниците мораат, како што се наведува, да сметаат на метеж поради контрола, а им се кажува дека се должни со себе да носат лични документи при преминувањето на границата.
Шефовите на држави и влади на Германија, Франција, Велика Британија, Италија, САД, Канада и Јапонија, седумте најиндустриски развиени земји, ќе се соберат во палатата Елмау од 26 до 28 јуни.