Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска изјави дека со германскиот канцелар Олаф Шолц разговарал за ситуацијата на линијата на фронтот на украинската војна против Русија и дека се разговарало за дополнителни санкции против Москва како форма на притисок.
Столтенберг: Разбирлив е ставот на Турција за проширувањето на НАТО
„Имав продуктивни разговори со германскиот канцелар. Разговаравме за ситуацијата на линијата на фронтот, натамошниот притисок врз Русија, построгите санкции и можностите за мир“, рече Зеленски.
Столтенберг: Разбирлив е ставот на Турција за проширувањето на НАТО
Тој додаде дека Украина смета на понатамошната поддршка на Германија за неговата земја на патот кон полноправно членство во Европската унија.