Последната сабота од оваа година ќе имаме сончево и релативно топло време, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Претпладне маглата ќе слабее и попладне ќе преовладува сончево време. Ќе дува слаб северен ветер кој ќе биде поизразен во источните делови од земјата.
Температурата ќе биде во интервал од 9 до 17 степени целзиусови.
Што се однесува до Куманово и околината денеска ќе биде релативно сончево со максимална дневна температура од 10 степени целзиусови, додека утринава минималната изнесуваше два степени под нулата. Исто толку ќе изнесува и во текот на ноќта кога се очекува и густа магла.