Претставници на Форумот на жени при Општинската организација на Либерално-демократската партија од Куманово, денес го посетија Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша“ од Куманово.
За време на посетата, на вработените и на корисниците на центарот, жените од ЛДП им ги честитаа претстојните новогодишни и божиќни празници, а на корисниците на овој Дневен центар им подарија новогодишни пакетчиња.
Loading...