Експлозија во близина на училиште во Авганистан, загинаа 25 лица

Сподели со своите пријатели

Во експлозиите во средното машко училиште во авганистанската престолнина Кабул загинаа најмалку 25 лица, меѓу кои и ученици, а 11 се повредени, соопшти авганистанската полиција.

Loading...

Експлозиите се случиле во средното училиште Абдул Рахим Шахид и во близина на образовниот центар Мумтаз, неколку километри подалеку, во претежно шиитска населба.

Се чини дека експлозијата била предизвикана од бомбаш самоубиец во комплекс кој може да прими околу 1.000 ученици.

Никој не ја презеде одговорноста.

Областа во минатото била цел на терористичката организација Исламска држава, која ги нарекува шиитските муслимани еретици.