Вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук соопшти дека денеска е одржана четвртата размена на воени заробеници со Русија.
Верешчук изјави дека денеска се ослободени вкупно 30 државјани на Украина.
Таа на својот канал Телеграм прецизираше дека биле разменети пет офицери и 17 војници.
Таа изјавила дека биле ослободени осум цивили, меѓу кои и една жена, пренесува Укринформ.
Претходната размена на затвореници се случи на 9 април.