Ле Пен: Зеленски бара од Западот повеќе од што е возможно

Сподели со своите пријатели

Лидерот на француската десница и кандидат за претседател на Франција, Марин Ле Пен, смета дека украинскиот претседател Володимир Зеленски бара од Западот повеќе отколку што може да обезбеди.

Loading...

„Зеленски сака поголема поддршка. Понекогаш бара повеќе отколку што е можно“, изјави Ле Пен за ТВ каналот Франс 2, пренесува ТАС С.

 

Гувернер на руски регион: Украинците пукаат во нашите станбени згради, има жртви

 

Одговарајќи на прашањата на новинарите, Ле Пен прецизираше зошто се противи на употребата на терминот „геноцид“ во врска со настаните во Украина.

„Геноцидот има многу јасна правна дефиниција и не се вклопува во ситуацијата“, рече Ле Пен.

Истовремено, Ле Пен истакна дека не верува во можноста Русија да се изолира на меѓународната сцена.

Loading...

 

Гувернер на руски регион: Украинците пукаат во нашите станбени згради, има жртви

 

„Тоа е голема светска сила“, изјави кандидатот за претседател на Франција.

Таа напомена дека го поддржува обновувањето на односите НАТО-Русија по завршувањето на украинскиот конфликт.

„Мислам дека Западот ќе има многу да загуби ако, на долг рок, Русија избере да соработува со Кина“, рече Ле Пен.

 

И Трамп руската инвазија ја нарече геноцид

Loading...

 

Таа рече дека доколку биде избрана за претседател, нејзината надворешна политика ќе се заснова на принципите на „независност, еквидистанца и трајност“.

Ле Пен ќе се соочи со актуелниот претседател Емануел Макрон во вториот круг од претседателските избори на 24 април.