Над 30 лица загинаа, а повеќе од 100 луѓе се повредени во нападот на железничката станица во Доњецк (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во нападот на руските сили утринава од ракетниот систем Искандер на железничката станица во Краматорск, град во областа Доњецк, загинаа повеќе од 30, а повеќе од 100 се ранети, јавуваат медиумите.

Loading...

Очевидци укажуваат дека во моментот на нападот, илјадници луѓе биле на станицата и чекале евакуација.

 

 

Како што објави на каналот Телеграм шефот на регионот Доњецк Павло Крилиенко, полицијата и спасувачите известуваат за десетици загинати и повредени.

„Илјадници луѓе беа на станицата за време на ракетниот напад, додека жителите на регионот Доњецк се евакуирани во побезбедните региони на Украина. Расистите многу добро знаеја каде целат и што сакаат: сакаа да земат што повеќе мирни луѓе како заложници, сакаа да уништат се што е украинско. Руската Федерација е земја на злобници и криминалци. Злото мора да се запре и секако да се казни, напиша Кириленко на Телеграм.

 

Loading...