Макрон: Франција е подготвена да биде гарант за мирот во Украина

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека неговата земја е подготвена да биде гарант на мировниот процес во Украина откако ќе дојде до прекин на огнот.

Loading...

– Во одреден момент ќе биде прогласен прекин на огнот, ќе биде неопходно да се изгради мир. Тоа не може да се направи без гарант, на крајот на краиштата, имаше повици Франција да биде еден од гарантите – изјави Макрон за денешното издание на „Паризиен“, пренесува ТАС С.

 

Украина објави разговори: Русите се жалат дека се совладани и дека мора да пукаат во цивили

 

Тој нагласи дека е подготвен да ги продолжи преговорите со неговиот руски колега Владимир Путин, бидејќи ќе му помогне на Париз „да го одржи статусот на преговарач“.

– Ова е моја должност. Иако не верувам дека ќе има резултати до средината на мај, сепак разговорите ќе бидат корисна подготовка за мирот што ќе следи – посочи Макрон.

 

Loading...

Украина објави разговори: Русите се жалат дека се совладани и дека мора да пукаат во цивили

 

Францускиот претседател додаде дека обрнува внимание на прашањето за хуманитарните коридори, особено споменувајќи ја ситуацијата во Мариупол.

Според Макрон, руската страна многу јасно ја отфрлила понудата на Франција да ја спроведе својата хуманитарна операција во Мариупол, во соработка со Грција и Турција.