Експлозија во рудник во Србија; Затрупани рудари, има и повредени

Сподели со своите пријатели

Дел од јамата се урналa во рудникот „Соко“ кај Сокобања, а рударите останале заробени, дознава РТС.

Loading...

Се наведува дека експлодирал метан.

„Новости“ наведува, повикувајќи се на своите сознанија, дека во окното биле заробени 20 рудари. Во тек е спасувачка операција, а досега се извлечени десет рудари.

Експлозијата се случила во раните утрински часови.

Од Брзата помош Алексинац потврдија дека испратиле четири екипи да ги згрижат повредените.

„Се работи за смената А во која имаше околу 60 рудари. Спасени се првите 5-6 рудари кои беа на влезот во рудникот. Се стравува дека се затрупани повеќе од 40. Семејствата на рударите веќе се собираат во Здравствен дом“, вели изворот Курир.

Од централата на рудникот Соко во Ресавица велат дека во моментов не можат да коментираат за несреќата, како и дека полицијата е на лице место.