ММА борец со нога нокаутираше судија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

ММА натпреварот меѓу Луис Гонзалес (Мексико) и Луис Бирн (Република Ирска) во рамките на полуфиналето на „IMMAF Суперкупот 2022“ неочекувано го привлече вниманието на јавноста поради тоа што му се случи на судијата Скот Менхарт.

Loading...

Имено, случајот на Менхарт уште еднаш покажа дека не е лесно да се биде судија во рингот, со оглед на тоа што наместо борец, тој добил нокаут и се најде на подот.

Гонзалес се обиде да изведе удар во глава од макарата, и успеа, но наместо ривалот, го удри судијата, кој „падна како свеќа“!

Она што е интересно е што Мексиканецот не ни дојде да види дали се е во ред, а некои велат дека се му се вратило со губење на мечот.