На Фејсбук групата „Контроверзен хумор“ се појавило смешно предупредување. Имено, еден од станарите напишал на хартија дека комшивката „многу вика“ додека води љубов со својот партнер, а потоа го закачил на зидот.
На таблата, веројатно во ходникот на влезот на зградата, е закачен лист на кој станарката е критикувана затоа што додека води љубов, не ги почитува домашните правила.
Ова предупредување брзо стана хит на социјалните медиуми, а на листот буквално било напишано:
– Би ја замолил „дамата“ од стан 39 да не вика додека „води љубов“! Те слуша целата зграда !!! Ова е град, а не поле на кое очигледно сте навикнати! Засрамете се, децата ве слушаат! Следниот пат, ставете лента на устата кога немате воспитување! – пишува на листот.
Реакциите на читателите беа различни. Некои го поддржувале соседот што предупредува, други пак соседот кој ужива во животот