Луј Витон чантичка во форма на авион: Чини исто колку и вистински авион (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Чантата во форма на авион на Луј Витон неодамна стана вирална бидејќи чини повеќе од половен авион со еден мотор.

Loading...

Чантата од годинашната машка колекција, дизајнирана од уметничкиот директор на луксузната марка Виргил Аблох, ги подели мислењата на социјалните мрежи, како и на многу други негови креации досега.

Чантата во форма на авион беше претставена во јануари, но дури неодамна привлече внимание на многумина на интернет – поради вртоглавата цена од 39 илјади долари.

Иако фотографиите кружат на интернет веќе неколку месеци, тие неодамна привлекоа повеќе внимание, кога еден корисник на Твитер сугерираше дека може да се купи вистински половен авион за истите пари.

„Всушност може да се купат авиони за помалку пари“, додаде таа, а некои потоа објавија реклами за авиони што го докажуваат тоа.

 

Leave a Reply