Што вели расата на вашето куче за вас?

Сподели со своите пријатели

Сите сме ја слушнале изреката дека сопствениците и нивните кучиња се слични. Но, некои истражувања покажуваат  дека сопствениците на кучиња честопати го земаат карактерот на своите миленици во зависност од нивниот темперамент.

Loading...

Всушност, истражувањата покажуваат дека луѓето ги привлекуваат раси со кои споделуваат карактерни црти, па не е ни чудо што кучињата честопати се наши најдобри пријатели.

Многу фактори се земени во предвид при изборот на раса што одговара на нашиот начин на живот – на пример, дали кучето треба да биде хиперктивно, дали се согласува со децата, колку простор му треба и слично.

 

 

Личноста на кучето е многу важна и расата што ќе ја изберете кажува многу за вас, пишува порталот Iheartdogs.

Пудлица

Loading...

Сопствениците на пудлица често ги имитираат своите кучиња. Тие се елегантни, со вкоренета допадливост. Тие уживаат во фините работи во животот. Но, тоа не значи дека тие се површни – тие се исто така многу интелигентни и познати по тоа што учат брзо. Сопствениците на пудлица ја ценат уметноста. Тие уживаат во сè што културата нуди, од одење на балетски претстави, одење во музеи, до посета на театар.

Германски овчар

Сопствениците на германски овчари се силни и сигурни и тие честопати делуваат како најголема поддршка. Луѓето секогаш можат да се потпрат на нив и очекуваат да преземат одговорност. Бидејќи сопствениците на германски овчари се однесуваат како заштитници во општеството и семејството, луѓето се лојални и благодарни што ги имаат во нивните животи.

 

 

Џек Расел Териер

Сопствениците на оваа раса се спортски типови кои уживаат во теретана, играат тенис или пешачат. Тие се исто така многу тврдоглави, имаат силни ставови и мислења и скоро е невозможно да се одвратат.

Loading...

Доберман

Сопствениците на Доберман се интелигентни и заштитнички кон оние што ги сакаат. За луѓето кои не ги познаваат, тие изгледаат малку застрашувачки, но само додека не ги запознаат.

Мопс

Сопствениците на мопси се полни со енергија и секогаш подготвени за игра. На другите луѓе никогаш не им е здодевно од нив. Тие сакаат гушкање.

 

 

Лабрадор

Loading...

Лабрадорите се едни од најпопуларните раси поради нивниот весел карактер. Сопствениците на лабрадори се исто толку мирни како и нивните миленици и скоро е невозможно да ги налутат. Тие се многу љубезни кон другите. Тие секогаш се верни на оние што ги сакаат.

Пит бул

Сопствениците на питбул не сакаат да им судат на другите затоа што знаат како се чувствуваат кога им се суди врз основа на неправедни претпоставки. Кога треба да бидете нежни, тие се нежни и секогаш добро ја проценуваат ситуацијата пред да реагираат.

 

Leave a Reply