Британската компанија „Голо чистење“ нуди разни услуги за чистење од услуги за чистење во долна облека и топлес до целосно голо чистење.
Ники Белтон (33) од Кент ја основала оваа компанија и вели дека наскоро ќе ја понуди оваа услуга низ целиот свет откако ќе се смири ситуацијата со пандемијата.
View this post on Instagram
Нејзините чистачки извршуваат задачи како што се чистење со правосмукалка, прашина и површини, а цените се движат од 80 евра на час за чистење топлес и во долна облека и 100 евра на час за опцијата без облека.
Исто така, Ники додава дека чистењето секогаш се прави на растојание од најмалку два метра од клиентите.
View this post on Instagram
Услугите се организираат и обезбедуваат преку безбеден систем за резервации.
Кога фирмата била лансирана, била под критика за „премногу сексуализирање“.
– Навистина добро ни оди. На крајот, тоа е само работа и нема ништо сексуално во тоа – нашите слугинки не се сексуални објекти, тие се тука за да си ја завршат својата работа“, рече Ники.
View this post on Instagram