Џанлуиџи Донарума, голманот на фудбалскиот клуб Милан, е позитивен на коронавирус.
Loading...
Покрај него, позитивен на тестовите беше и напаѓачот Јенс Питер Хауге, како и тројца членови на стручниот штаб.
Тие немаат никакви симптоми и веднаш се ставени во изолација.
Инфицираните ќе го пропуштат дуелот на „росонерите“ закажан за вечерва во 20:45 часот против Рома на домашен терен во последниот натпревар од петтото коло во Серија „А“.
По четири натпревари, Милан нема пораз и го зазема првото место во поредокот.
Влатче Зорба