Зошто на некои луѓе секогаш им е студено?

Сподели со своите пријатели

Жените обично се со поголема веројатност да го чувствуваат студот отколку мажите. Нивните тела имаат потреба од повисока температура и затоа често, за да се одржува температурата во внатрешноста на телото, нозете и рацете остануваат хронично студени.

Loading...

Причините за постојаниот студ може да се различни. Луѓето со мал процент поткожни масти често се жалат на хроничен студ.

Девет бизарни работи кои вашето тело ги прави, а вие тука ништо не можете

Други чести причини се недоволниот сон, замор, проблеми со циркулацијата на крв.

Ако ви е студено, пробајте да пиете повеќе вода. Дехидратацијата е исто така честа причина. Водата му помага на телото да ја задржува топлината и таа се ослободува побавно.

Други потенцијални причини за студот се ниските нивоа на железо или витамин B12, кои имаат клучна улога во регулирањето на температурата. Ако и тоа не е причината, одете на ендокринолог. Може да имате нарушена функција на тироидната жлезда.

Кревањето тегови е корисно за коските

Срцевите заболувања исто така може да се причина.

Loading...

Ако ви е студено секој ден и не наоѓате причина во времето надвор, обратете се кај вашиот лекар.

Leave a Reply