Екстремниот љубител на модификации на телото вели дека тој е само на 16% од неговиот проект Black Alien.
https://www.instagram.com/p/CFe5KLjjfB7/?utm_source=ig_embed
Французинот Ентони Лофредо морал да отпатува за Барселона за да претрпи модификации што се нелегални во Франција.
Иако модификацијата на телото станува сè попопуларна, Лофредо дефинитивно ја однесе во нови крајности.
https://www.instagram.com/p/CFMybeVjTvH/?utm_source=ig_embed
Покрај тоа што сега нема нос, а неговиот јазик беше поделен на два дела, Лофредо ја истетовирал целата кожа и белките во очите, има пирсинзи на целото лице, вклучително и преку брадата, а во главата му се вградени импалнти и се чини дека му се отстранети ушите.
https://www.instagram.com/p/CEt0jCZjHjf/
Во интервју за францускиот весник Миди Либре во 2017 година, Лофредо зборуваше за своите соништа да изгледа како вонземјанин.
https://www.instagram.com/p/CFNsto9jFe_/
„Уште како мал бев страстен за мутациите и трансформациите на човечкото тело“, рече тој, откривајќи дека работејќи како чувар сфатил дека не го живее својот живот како што сакал.
https://www.instagram.com/p/CFVFHmmj8nO/
Со години работи на својот проект, а повеќето од неговите модификации се заслужни на уметникот од Барселона, Оскар Маркез и љубител на модификации на телото.
Тој неодамна на Инстаграм покажа како изгледал пред 6 години.
https://www.instagram.com/p/CFSiDRijPsI/?utm_source=ig_embed
На почетокот на овој месец, Лофредо објави видео на кое се гледа дека повеќе нема нос.
https://www.instagram.com/p/CFc5LaFD2vP/?utm_source=ig_embed
„Како во сон… го живеам тој сон…“, напиша тој, заблагодарувајќи му се на Маркез.
https://www.instagram.com/p/CFacicoDwmh/?utm_source=ig_embed
Со фотографија што ја објави вчера, Лофредо откри дека неговиот проект „Black alien“ е само 16% завршен.
https://www.instagram.com/p/CFZq5G7jU7L/?utm_source=ig_embed