Прочитајте ги овие десет интересни факти за интелигенцијата на некои животни.
- Страчките се паметни како седумгодишно дете
Птиците уште еднаш докажаа дека се паметни животни. Имено, со најновата студија докажано е дека овие птици разбираат каузална правилност, што е клучка карактеристика за луѓето. Наодите на истражувањата докажуваат дека страчките имаат свест за причината на работите и настаните.
- Пчелите докажуваат дека за интелигенцијата не е потребен голем мозок
Пчелите се способни да сметаат, категоризираат слични предмети (како што се кучиња, мачки или човечки лица), разбираат „исто“ и „поинакво“, како и симетрични и асиметрични форми.
- Кучињата се добри математичари
Со бројни студии докажано е дека кучињата забележуваат грешки во едноставните математички опции, како на пример дека 1+1 не е 3. Исто така, резултатите од истржаувањата покажуваат дека просечно куче може да го научи значењето на околу 170 зборови и знаци.
- И рибите знаат да бројат
Според резултатите од најновото истражување, рибите прават разлика помеѓу помали и поголеми количини, а дури можат да бројат и до три. Научниците претпоставуваат дека рибите, исто како и кучињата, поседуваат и понапредни математички способности, кои допрва треба да се докажат со нови методи.
- Папагалот какаду е најдобар провалник помеѓу животните
Овој вид на папагали носат титула на „мајсторски провалник“ затоа што може да обие било каква брава.
- Слон кој зборува корејски
Кошик, мажјак на азиски слон може да имитира човечки говор, и тоа на корејски, тврди професорот Фич од Универзитетот во Виена. Фич тврди дека вокабуларот на слонот засега се состои од пет зборови кои може да ги репродуцира: здраво, седи, не, легни и добро. Некои од тие зборови ги научил како команди или ги добивал како потврдни информации.
- Златните риби сакаат класична музика и разликуваат Бах од Стравински
Златните риби не само што сакаат да слушаат музика, туку и разликуваат еден композитор од друг. Исто така, со една студија е утврдено дека златните риби, за разлика од другите животни, разликуваат боја и висина на тонот.
- Змиите убиваат плански
Змиите не убиваат само инстиктивно, тие ја следат состојбата на своите жртви до самиот крај. Времетраењето на самиот тој чин временски е доведено до совршенство, а за тоа е потребен памет.
- Коњите никогаш не забораваат човечки лица
Пријателите доаѓаат и заминуваат, но можеби токму коњот е вашиот најверен пријател. Керол Санки од Универзитетот во Рен дошла до заклучок дека коњите имаат одлично памтење и негуваат убави спомени за луѓето со кои биле добри кон нив. Тие исто така можат да паметат и човечки зборови.
- Делфините се втори по ред најителигентни суштества
Делфините по интелигенција се зад модерниот човек, рекол Лори Марино, кој во своето истражување споредувал скенирани снимки од нашите мозоци со делфините.