Истражувањата покажале дека во случај кога постои голема разлика измеѓу резултатите од мерењето на крвниот притисок на двете раце, наизглед здравите луѓе имаат 38% поголема опасност од срцев и мозочен удар, како и други смртоносни кардиоваскуларни болести.
Благодарение на нешто така просто и брзо како што е дополнителното мерење на крвниот притисок, луѓето сега можат на време да ги воочат сите знаци за предупредување.
НАУКАТА ТВРДИ: Текилата би можела да биде добра за коските
Малите разлики во крвниот притисок измеѓу рацете се вообичаени, а за време на истражувањето на систоличкиот притисок, поголемата од двете цифри, се разликувало во просек за околу пет поени.
Меѓутоа, кај 10% од пациентите постоела разлика од 10 или повеќе поени измеѓу резултатите добиени со мерење на крвниот притисок на десната и левата рака.
Се смета дека голема разлика во резултатите покажува дека артериите кои даваат поголем притисок во раката се затнати со маснотии.
Дали е подобро да се пие ладна или топла вода?
Ова е знак дека артериите во срцето и мозокот исто така се затнати и поради тоа се зголемува ризикот од срцеви и мозочни удари, заклучува Американскиот медицински журнал.