Доколку ви е досадно на Фејсбук, истражете 10 чудни и малку познати агли на интернетот.
На овие места се собираат ловци на духови, вљубеници во паранормалното, фетишисти за кои не сте ни претпоставиле дека постојат, како и членови на безброј мистериозни и окултни групи што се собираат на овие места.
Оваа платформа, како што сугерира и неговото име, им овозможува на корисниците да најдат затвореници со кои би можеле да стапат во контакт.
Во описот се вели дека лесно би можеле да станете „pen pal“, односно „пријател за допишување“ со затвореник, затоа што примањето писма е една од најсветлите точки во текот на нивниот ден.
Веб-страница за авантуристи. Ова е место каде луѓето ги споделуваат најдобрите моменти од своите патувања. Покрај тоа, A Small World е полн со предлози за тоа што би можеле да посетите или доживеете следно.
Социјална мрежа која ги обединува љубителите на научна фантастика. Овде можете да најдете луѓе кои се писатели, карикатуристи, или едноставно сакаат сè што има врска со џуџиња, магија и разни фантастични суштества.
Понекогаш наидувате на социјалните мрежи кои им се обраќаат на луѓето со одредено хоби, што е случај и овде. Ravelry е за сите оние кои сакаат да плетат! Споделете ги вашите уметнички дела со другите и научете нови совети.
Заедно со мистериозното име, The Sphere има и мистериозни членови. Се рекламира како „ултимативно луксузна социјална мрежа“, која има многу ригорозна постапка при избор на нови членови, а секој што сака да се придружи мора да биде потврден од „Комитетот за прием“.
Можете да се регистрирате на оваа социјална мрежа, а потоа да направите ДНК-тест за да го дознаете потеклото. После тоа, можете да се поврзете со луѓе кои се ваши роднини, без тоа воопшто да сте го знаеле, и ако ги проширите своите знаења за вашето минато, но и со семејното стебло.
Тука се наоѓаат сите оние кои се заинтересирани за паранормалното. Покрај тоа, ако ве интересира некој необичен феномен, добри се шансите дека ќе најдете некој со кого би можеле да разговарате за тоа.
За сите љубители на пивото, постои Untappd. Корисниците посетуваат разни пивари, барови и ресторани, а потоа го оставаат рејтингот на пивата што ги пробале. На пиварниците им е дозволено да се регистрираат и Untappd е веројатно најдобро место за да дознаете за различните типови пиво што постојат во светот.
На оваа платформа, луѓето можат да најдат разни „кинкови“, односно оние кои ги делат истите необични сексуални желби и фетиши. Според нивната официјална веб-страница, Fet Life има скоро девет милиони корисници.
Можеби најмалку „невообичаено“ од сите на оваа листа, Letterboxd е социјална мрежа каде можете да напишете кои филмови сте ги гледале и да разговарате за темата кинематографија. Секако, постои IMDB, но овде можете да отидете „подлабоко“ во деталите и историјата на седмата уметност.