Втора жртва од коронавирус во Македонија

Сподели со своите пријатели

На Клиниката за инфективни болести во Скопје ноќеска е регистрирана втората жртва од короанвирус во земјава.

Loading...

Станува збор за маж на 63-годишна возраст од Дебар, кај кој дошло до нагло влошување на состојбата.

Пациентот, според Министерството за здравство, бил хоспитализиран на 17ти март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и истиот бил ставен на кислород.

– Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. Пациентот имал позната историја на коморбидитет, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Никола Ивановски

Leave a Reply