Народни верувања поврзани со март

Сподели со своите пријатели

Според народните верувања, месецот март е претставен како Баба Марта, чудна, измамничка и многу непредвидлива. Така, во март може да заврне снег, но и да биде топло како веќе да е лето.

Loading...

Баба Марта се среќава речиси кај сите словенски народи, а легендата вели дека таа прв пат станала гневна кога римскиот крал Нума Помпилиус ѝ го одзел местото на прва дама во календарот, додавајќи пред неа уште два месеци.

15 народни верувања за предвидување на иднината

Од тогаш таа е претставувана како навредлива старица со многу променлив карактер. Понекогаш во неа се буди борбениот дух на богот Марс, па така на Земјата испраќа студенило, додека пак друг пат со својата топла насмевка носи пролетна радост.

Според народните верувања, Баба Марта е олицетворение на пролетта, на повторното раѓање, новите идеи и потребата за хармонија во природата и животот на луѓето.

Кога го нема ова, таа на Земјата испраќа снег за да ги предупреди луѓето да внимаваат како се однесуваат.

НАРОДНИ ВЕРУВАЊА: Што би требало да направите ако сакате да имате убав маж?

Луѓето родени во март се добри работници и затоа се омилени на работа. Тие тешко се лутат, но ако некој еднаш ги навреди, тогаш тие тешко простуваат. Познати се по тоа што се чесни, среќен месец им е јануари, а во мај може да очекуваат несреќа и штета.

Loading...

Кога е во прашање здравјето, треба да ги чуваат колената и забите, а склони се и на болести на срцето.

Штрк на куќа – мир, Петел пред вратите – гости: Народни толкувања поврзани со животните

Иако кокичињата се први предвесници на убавото време, крокусите се сигурен знак дека пролетта е на прагот.

Метеоролозите велат дека ако под снегот никнат првите крокуси до март, тогаш во март нема повторно да има снег.

Leave a Reply