Медот се користи со векови во исхраната и како третман на многу здравствени проблеми. Има силни антибактериски својства, особено ако е со потемна боја. Добар е и за лекување и на рани.
Еве неколку необични, но многу корисни совети за неговото применување.
Третман на повреди
Она што го правеле во древен Египет важи и денес. Ако ви треба брзо и ефикасно решение за исекотини, гребнатини или мали рани, измијте ја повредената површина, исушете и нанесете малку мед. Во секој случај, најдобро е да посетите лекар, но медот може да биде прва помош.
Против цревни паразити
Измешајте еднакви количини вода, оцет и мед. Можеби не е совршен вкус, но може да биде корисно да се ослободите од блага инфекција на дебелото црево. Ако симптомите продолжат, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.
Мамурлак
Високата содржина на фруктоза во медот му помага на телото побрзо да го обработува алкохолот, а после бурна ноќ, изедете голема лажица мед и ослободете се од главоболката. Ќе биде уште подобро ако мешате мед со чај бидејќи хидратацијата му помага на телото побрзо да се опорави.
Одлично за лицето
Медот може да се користи и како природен пилинг. Измијте го лицето со мед и топла вода за да биде мазно. Покрај тоа, медот ќе помогне да се ослободите од мозолчиња. Ако имате мозолче, ставете малку мед на него, почекајте половина час, а потоа исплакнете.
Дава енергија
Јадете лажица мед и вашата енергија и ентузијазам ќе се вратат.
За подобар сон
Медот може да ги намали хормоните на стрес, кои ве спречуваат да се опуштите и да заспиете.