Овој град воведе данок за кучиња, бидејќи ги валкале улиците

Сподели со своите пријатели

Градот Замора во северозападна Шпанија воведе данок на кучиња од девет евра годишно за сопствениците, што ќе започне да се наплаќа следната година.

Loading...

Градот решил да го направи тој чекор затоа што проценил дека плаќа огромна цена за чистење на на улиците за кучиња кои ги имало повеќе од децата во градот, пренесува Ројтерс.

„Сопствениците на кучиња треба да допринесат за трошоците за чистење“, рече секретарот за градски даноци Диего Бернардо.

Според него, воведувањето на данокот предизвика силна реакција од граѓаните.

„Некои луѓе не се согласуваат, додека други се согласија со тоа, но не сите реакции се негативни“, рече Бернардо.

Градското собрание очекува даночно зголемување меѓу 50.000 и 90.000 евра годишно, за кои тие тврдат дека ќе бидат искористени за изградба на повеќе простор за кучиња, плаќање за услуги за чистење и дурго.

Само неколку градови во светот воведоа слични такси, највисоки во Хаг, каде се наплаќа 120 евра за едно куче.

Мадрид планира да го реши проблемот на друг начин, па минатата година се обиде да воведе задолжително ДНК-тестирање за кучињата за да ги идентификуваат и казнат сопствениците кои ги оставаат зад себе „сувенирите“ на своите најдобри пријатели.

Loading...

Leave a Reply