Зголемен интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини

Сподели со своите пријатели

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Loading...

Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

– Бележиме зголемена фреквенција на возила на ГП Богородица каде времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Од таму се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Leave a Reply