Обрежен по грешка, му исплатиле отштета 22.000 евра

Сподели со своите пријатели

Британец по грешка бил обрежан во болница во англискиот град Лестер, каде заминал поради рутинска операција на бешика, па му исплатиле отштета од скоро 22.000 евра.

Loading...

Тери Брејзер во болницата бил примен во септември 2018 година поради цистоскопија, едноставен зафат на мокраќната бешика.

Процедурата би требало да подразбира ставање камера во бешиката за да се следи вбризгување на ботоксот во идот на бешиката, со што ќе се ублажат симптомите од уринарната инконтиненција.

Брејзер тврди дека зборувал со сестрата во текот на опреацијата и дека забележал оти нешто не е во ред дури кога било предоцна.

Според зборовите на 70-годишниот Британец, членови на тимот кој ја извел операцијата, не знаеле што да кажат кога сфатиле што направиле.

Одлучил да ја тужи болницата, која поради лекарска грешка, ќе му исплати 20.000 фунти, или околу 21.800 евра.

Во болницата жалат за случајот и велат дека парите нема да го поправат она што е сторено, но дека се надеваат дека ќе биде некаква компензација за грешката.

Leave a Reply