Новата грчка влада на премиерот Кирјакос Мицотакис доби поддршка од парламентот за економската политика која вклучува намалување на данокот и мерки за забрзување на инвестициите.
По тридневната дебата за политиката на новиот кабинет, за довербата на владата гласале 158 од 300 пратеници.
– Преминуваме од ера на даноци и сормаштија кон инвестиции и добро платени професии. На нас е да испишеме своја историја, започнувајќи од денес, со гласање за програмата на владата, рекол Мицотакис пред самото гласање во парламентот, а пренесува Ројтерс.
Грчкиот премиер ветил дека ќе се намалат даночните обврски и ќе се спроведат реформи на јавната администрација за да се отстранат бирократските пречки за инвестициите.
фото: Youtube printscreen