Саем на книга на издавачката куќа „Антолог“ од денеска до 6ти јули ќе се одржи пред кумановската библиотека „Тане Георгиевски“.
Loading...
Како што информираат од библиотеката, граѓаните ќе имаат можност да се снабдат со голем број книги со екслузивни попусти.
– На саемот покрај најновите изданија ќе бидат застапени и книгите на еден од најчитаните автори во последните месеци во ЈОУ Библиотека “Тане Георгиевски” – Ана Бучевиќ како и најчитаниот автор во светски рамки Фредрик Бакман, информираат од ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“.