64-годишна кумановка нова жртва на измамата со огревни дрва

Сподели со своите пријатели

Шеесет и четиригодишна кумановка е најновата жртва на криминалната шема за извлекување пари од повозрасни лица со наводна продажба на огревни дрва.

Loading...

– На 26.01.2024 во 12.50 часот во СВР Куманово, 64-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 5000 денари, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, лицето ѝ понудило огревни дрва и откако се договориле таа му ги дала парите, по што заминал и не се вратил, по што сфатила дека е измамена.

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетници од Куманово допирале по тело своја врсничка

Никола Ивановски