Шеесет и едногодишен кумановец вчера бил приведен по пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга.
Loading...
– На 22.04.2025 во 18.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Н.(61) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски