Фасцинантно видео стана вирално на социјалните мрежи во кое е снимен феномен на движење на земјиното тло, што наликува на глетка кога дише едно суштество.
Брајан Нутал, човекот кој го снимил феноменот се шетал во близина на Епл Ривер во Нова Скотиа во Канада, кога забележал несекојдневен феномент и веднаш го снимил “дишењето” на Земјата со својот мобилен телефон.
Видеото во кое се гледа влажна земјена подлога со мов и опадната лисја беше предмет на шпекулации за тоа дали е можно навистина Земјата да дише на свој начин.
Како што објаснува Брајан на социјалните мрежи, феноменот се јавува поради широко разгранетите корени на дрвјата кои се вплеткани во голема мрежа. Поради силните ветрови, системот на корени се мрда што личи на феномен како Земјата да вдишува и да издишува воздух.