24-годишник од Куманово нападнал полицајци

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четиригодишник од Куманово бил приведен вчера откако физички нападнал полициски службеници.

Loading...

– На 31.03.2025 во 04.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.М. (24) од Куманово затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  IV Семинар за традиционална музика и игра во Куманово