10 милиони прегледи: Девојче кое ја храни својата сестра со аутизам го освои интернетот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сите родители кои имаат деца со аутизам знаат колку тоа може да биде предизвик. Така, една мајка на ТикТок споредли еден од, како што вели, најубавите моменти во нејзиниот живот.

Loading...

Имено, во видеото можеме да видиме како нејзината постара ќерка ѝ помага на својата помала сестра со аутизам да јаде.

„Кога имате аутизам и вашата постара сестра ви помага да ја држите лажицата за да можете полесно да јадете, ова е преслатко“, напишала мајката во описот на објавата, која брзо стана вирална и моментално има 9,5 милиони прегледи.

Оваа мајка го објави видеото на нејзиниот профил на TikTok под името @happyhandswith_hallie, што го проби интернетот, а многу родители кои и самите имаат деца со оваа развојна потешкотија одговорија во коментарите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во пресрет на Велигден: Како да сварите совршено јајце?

„Имам син со аутизам, поради што се плашам да имам повеќе деца. Ова твое видео ми даде надеж, ти благодарам“, и напишала една мајка.

 

@happyhandswith_hallie This is sweet 🥹 #autismawareness #autismkidslife #autism #acceptance #autismacceptance ♬ Perfect (Cover) – Piano Peace