10 интересни факти за интелигенцијата на животните кои не сте ги знаеле

Сподели со своите пријатели

Прочитајте ги овие десет интересни факти за интелигенцијата на некои животни.

Loading...
  1. Страчките се паметни како седумгодишно дете

Птиците уште еднаш докажаа дека се паметни животни. Имено, со најновата студија докажано е дека овие птици разбираат каузална правилност, што е клучка карактеристика за луѓето. Наодите на истражувањата докажуваат дека страчките имаат свест за причината на работите и настаните.

 

 

  1. Пчелите докажуваат дека за интелигенцијата не е потребен голем мозок

Пчелите се способни да сметаат, категоризираат слични предмети (како што се кучиња, мачки или човечки лица), разбираат „исто“ и „поинакво“, како и симетрични и асиметрични форми.

 

Loading...

 

  1. Кучињата се добри математичари

Со бројни студии докажано е дека кучињата забележуваат грешки во едноставните математички опции, како на пример дека 1+1 не е 3. Исто така, резултатите од истржаувањата покажуваат дека просечно куче може да го научи значењето на околу 170 зборови и знаци.

 

 

  1. И рибите знаат да бројат

Според резултатите од најновото истражување, рибите прават разлика помеѓу помали и поголеми количини, а дури можат да бројат и до три. Научниците претпоставуваат дека рибите, исто како и кучињата, поседуваат и понапредни математички способности, кои допрва треба да се докажат со нови методи.

 

Loading...

 

  1. Папагалот какаду е најдобар провалник помеѓу животните

Овој вид на папагали носат титула на „мајсторски провалник“ затоа што може да обие било каква брава.

 

 

  1. Слон кој зборува корејски

Кошик, мажјак на азиски слон може да имитира човечки говор, и тоа на корејски, тврди професорот Фич од Универзитетот во Виена. Фич тврди дека вокабуларот на слонот засега се состои од пет зборови кои може да ги репродуцира: здраво, седи, не, легни и добро. Некои од тие зборови ги научил како команди или ги добивал како потврдни информации.

 

Loading...

 

  1. Златните риби сакаат класична музика и разликуваат Бах од Стравински

Златните риби не само што сакаат да слушаат музика, туку и разликуваат еден композитор од друг. Исто така, со една студија е утврдено дека златните риби, за разлика од другите животни, разликуваат боја и висина на тонот.

 

 

  1. Змиите убиваат плански

Змиите не убиваат само инстиктивно, тие ја следат состојбата на своите жртви до самиот крај. Времетраењето на самиот тој чин временски е доведено до совршенство, а за тоа е потребен памет.

Loading...

 

 

  1. Коњите никогаш не забораваат човечки лица

Пријателите доаѓаат и заминуваат, но можеби токму коњот е вашиот најверен пријател. Керол Санки од Универзитетот во Рен дошла до заклучок дека коњите имаат одлично памтење и негуваат убави спомени за луѓето со кои биле добри кон нив. Тие исто така можат да паметат и човечки зборови.

 

Loading...

 

  1. Делфините се втори по ред најителигентни суштества

Делфините по интелигенција се зад модерниот човек, рекол Лори Марино, кој во своето истражување споредувал скенирани снимки од нашите мозоци со делфините.

 

Loading...

Leave a Reply