1.719 лица загинати и 50.000 исчезнати по земјотресот во Венецуела

Сподели со своите пријатели

Во силните земјотреси што неодамна ја погодија Венецуела, загинаа 1.719 лица, изјави претседателот на Парламентот Хорхе Родригез, новиот биланс на жртви, објавија американските медиуми.

Родригез изјави дека 5.034 лица се повредени, а околу 50.000 се водат како исчезнати.

Според Обединетите нации, земјотресите создале околу 1,2 милиони тони остатоци во северната држава Ла Гваира, најтешко погодениот регион.

Стотици тела се наоѓаат во импровизирани мртовечници поставени во магацини во пристаништето на истоимениот град, на 40 километри од Каракас.

Американската војска, која распореди 130 маринци за да ѝ помогне на Венецуела, синоќа објави дека пристаништето Ла Гваира е повторно оперативно, што овозможува истовар на хуманитарна помош.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВОДАТА СТАНУВА ЛУКСУЗ? Овие европски земји се најранливи!