30.12.2015 14:17

Започна новогодишната забава на градскиот плоштад (галерија+видео)


Со најмалите денеска на градскиот плоштад започна одбележувањето на новата година со голем и целодневен хепенинг.

 

 

Настапи имаа градинките и основните училишта, а заедно со нив на сцената подоцна им се придружи и Дедо Мраз и корисниците на двата центри за лица со посебни потреби.

На градскиот плоштад присутни беа и градоначалникот на Општина Куманово, како и постојаниот координатор на Обединетите Нации и претставник на УНДП и УНФПА за Република Македонија, Луиза Винтон и локалната самоуправа на градот.

Винтон на граѓаните присутни на градскиот плоштад им посака среќни празници и најави дека соработката и во следната година ќе продолжи.

УНДП има чест да биде дел од оваа забава денеска во вашиот град и оваа година бев избрана за почесен граѓанин на градот Куманово. Градот имаше тешка година и ја користам оваа прилика да се заблагодарам во вашата улога за справување во тешките моменти – изјави Луиза Винтон.

 

Честитки за празниците до насобраните граѓани испрати и градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски.

Измина една година најтешка во историјата на независна Македонија. Година полна со безбедносна криза, политичка, бегалска, економска криза и премрежја. Се она што се случуваше во 2015 година нека остане зад нас, а за 2016 посакувам здравје, среќа и економски просперитет и Македонија да биде место пристојно за живеење – рече Дамјановски.

 

Инаку забавата ќе продолжи во текот на целиот ден, а се очекуваат настапи на Нино Величковски, тамбурашите, локални оркестри, Маргица Антевска, Мартинијан Кириловски и многу други.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments