30.12.2015 20:12

Сè уште трае новогодишната забава на градскиот плоштад (галерија+видео)


Новогодишната забава во организација на Општина Куманово, сè уште трае на градскиот плоштад, а започна рано утринава кога Дедо Мраз и најмалите членови на општеството се дружеа во весела атмосфера.

 

 

Доброто расположение и покрај ладното време го здржа и Мартинијан Кириловски кој настапуваше нешто по 17 часот, а веднаш по него забава продолжи со албанскиот „Акребат бенд“ и „Concrete jungle“.

Се очекуваат настапите уште на бендот „Мадра“, како и Емилија Дичковска со бендот „Фуснота“ кои се очекува да настапат нешто по 21 часот.

Инаку за оваа забава општината ќе потроши околу 100.000 денари, а следува по одлуката оваа година дочекот на плоштадот да остане без концертот и огнометот, кој традиционално девет години наназад се одржуваше.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments