Пуштена во употреба новата сала за венчавање (галерија)

Сподели со своите пријатели

Заврши реконструкцијата на Занатскиот дом во Куманово кој ја доби и мултимедијалната сала која ќе се користи за повеќе намени, меѓу кои низа културни манифестации, но ќе се користи и како сала за венчавање.

 

Loading...

Како што истакна градоначалникот Зоран Дамјановски, ова ќе биде еден модерен „сити хол“ кој му недостигаше на градот.

Знаете дека имавме едни неблагородни услови, една принудна просторија во склоп на старата зграда, сега ова го наменуваме, еден дел од активностите ќе биде токму венчавките кои ќе се одвиваат тука, направивме комплетно реновирање и на инвентарот, ќе имаме средби со граѓани, невладини организации, камерни оркестри, концерти, изложби, се она што е од интерес на градот. Ќе биде еден „сити хол“ каде сите приеми на гости на градот ќе биде репрезентативна сала која ќе има неколку намени. Ми беше големо задоволството, многу години се стремевме преку регионот, значи јас како претседател на регионот обезбедив средства во висина од две третини на средствата беа од регионот, една третина партиципираше локалната самоуправа, Општина Куманово и  на еден начин завршуваме реновирање на ентериерот – изјави Дамјановски.

Наскоро се очекува одобрување на проект од Конзерваторскиот центар за менување на фасадата на монументалното обележје на градот.

 

Проектот чини вкупно 18 милиони денари, а освен новата сала за венчавки, наскоро ќе биде реновирана и старата.