Александар Арсиќ нов претседател на Советот на Општина Куманово (фото)

Сподели со своите пријатели

Советникот Александар Арсиќ од денес е новиот претседател на Советот на Општина Куманово, кој функцијата ја презема по оставката која денеска ја поднесе досегашниот претседател Максим Димитриевски кој наскоро ќе се најде во Собранието на Република Македонија.

Се надевам дека овој изминат четиригодишен период кој што е позади мене со претседателствување на општинскиот парламент дадов свој допринос во делот на разрешување на проблемите на нашите граѓани. Јас знам и повеќе од јасно ми е дека функцијата претседател на совет е многу повеќе формална, а не суштинска и реланта реализација не оди преку оваа функција во делот на решавањето на проблемите на граѓаните, но се надевам дека со моите дискусии и заложбите во делот на транспарентно работење дадов свој допринос во развојот на демокартијата во нашата општина – изјави Максим Димитриевски.

Loading...

 

По единствениот предлог на Комисијата за мандатни прашања, избори и менувања нов претседател на советот да биде Александар Арсиќ, кој по гласањето ја презеде раководната функција со советот.

Сакам да се заблагодарам до досегашниот претседател за доброто водење на седниците и исто така да се обврзам како нов претседател исто така почитувајќи ги законите на Република Македонија, Статутот на Општина Куманово и Деловникот на Советот на Општина Куманово дека ќе работиме во склад со сите овие закони и да продолжиме со успешна работа со советот на Општина Куманово – рече Арсиќ.

 

Александар Арсиќ на позицијата претседател на Советот на Општина Куманово ќе остане во наредните четири месеци, односно до локалните избори на пролет.