Зукерберг пред Конгресот: Моја грешка, жал ми е (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Основачот на Фејсбук, Марк Зукерберг сведочеше пред американскиот Контрес поради скандалот околу податоците на милиони корисници кои завршија во рацете на „Кембриџ аналитика“.

Како што вели Зукерберг пред Конгресот, неговата мисија од почетокот била поврзување на луѓето и „доближување на светот“.

ОВА НЕ Е НОРМАЛНО: Што знаат Гугл и Фејсбук за секого од нас?

Loading...

– Огласувачите и програмерите никогаш нема да бидат приоритет се додека јас го водам Фејсбук. Започнав со Фејсбук кога студирав, од тогаш минавме многу. Сега служиме повеќе од две милијарди луѓе во светот и секој ден луѓето го користат нашиот сервис за да се поврзат со луѓети кои им се важни. Длабоко верува во она што го работиме, рекол тој.

Како што додава, важно е да им се каже на луѓето како нивните информации ќе бидат искористени.

– Тоа е моја грешка и жал ми е. Јас го започнав Фејсбук, јас го водев и јас сум одговорен за она што се случи, рекол Зукерберг.

 

 

Во воведните зборови пред Конгресот, каде сведочи за скандалот со фирмата за анализа на податоци „Кембриџ Аналитика“, кога протекоа податоци на повеќе од 50 милиони корисници на социјалната мрежа Фејсбук, Зукреберг вели дека сега е јасно дека не направиле доволно за да спречат ваквите работи да се користат и во лоши цели.

– Мислам и на лажните вести, надворешното мешање во изборите и говорот на омраза. Не гледавме доволно широко на нашата одговорност и тоа беше голема грешка. Тоа беше моја грешка и жал ми е, рекол Зукерберг, а пренесува CNN.

Зукерберг: Јас го основав Фејсбук, ја прифаќам одговорноста

Запрашан за тоа што Фејсбук прави за да спречи странско мешање во изборите, Зукерберг вели дека тоа му е еден од најголемите приоритети.

– Една од најголемите грешки е што на време не ги идентификувавме руските операции во 2016. година, вели Зукерберг.

https://www.facebook.com/bbcnews/videos/10155734686407217/

Leave a Reply