Зовреа односите помеѓу Ејпл и Фејсбук

Сподели со своите пријатели

Извршниот директор на “Ејпл“ Тим Кук го критикуваше Фејсбук повеќе пати по скандалот со кражба на податоци поврзани со британската компанија „Кембриџ Аналитика“, која нелегално собирала податоци на над 50 милиони корисници на оваа социјална мрежа.

Кук, минатата недела ја повикал владата да ги регулира компаниите како „Фејсбук“, што привлече многу внимание.

– Мислам дека најдобра регулација е онаа која ја нема, односно само-регулацијата. Меѓутоа, мислам дека отидовме чекор подалеку од тоа, рекол тогаш Кук.

 

Loading...

 

На прашањето што би напраивл да е на местото на Марк Зукерберг, извршниот директор на Фејсбук, тој кратко одговорил: „Не би дошол во таква ситуација“.

Ова е прв пат Кук директно да го именува Зукерберг кога зборува за Ејпл и приватноста.

Leave a Reply