Зошто жените подобро го поднесуваат алкохолот од мажите?

Сподели со своите пријатели

Истражување кое било спроведено на Универзитетот Источна Финска покажало дека мажите кои со години редовно пијат се одвикнуваат потешко од овој порок за разлика од жените, пишува „Дејли мејл“.

Клучот е во тоашто машкиот и женскиот мозок работат поинаку и што алкохолот поинаку делува на мажите и жените.

На мажите им е потешо да престанат да пијат за разлика од понежниот пол. Кај мажите поактивна е зоната од мозокот која ја регулира потребата за алкохол и ним им е потешко да престанат со пиењето.

Кај жените е забележилно пониско нивото на активност на тој дел од мозокот, па им е полесно одвикнувањето.

За време на повеќемесечно конзумирање алкохол, фукнцијата на мозокот кај мажите повеќе се менува, поради што ним им е потешко да се излечат од алкохолизам.

Токму резултатите од оваа истражување на дејствувањето на делот од мозокот кој ја регулира потребата од алкохол укажува на фактот дека жените подобро може да го поднесат алкохолот за разлика од посилниот пол.